Law on Volunteering

For optimal readability, we highly recommend downloading the document PDF, which you can do below.

Document Information:

  • Year:
  • Country: Macedonia
  • Language: Macedonian
  • Document Type: Domestic Law or Regulation
  • Topic:

This document has been provided by the
International Center for Not-for-Profit Law (ICNL).

ICNL is the leading source for information on th e legal environment for civil society and public
participation. Since 1992, ICNL has served as a resource to civil society leaders, government
officials, and the donor community in over 90 countries.

Visit ICNL’s Online Library at
https://www.icnl.org/knowledge/library/index.php
for further resources and research from countries all over the world.

Disclaimers Content. The information provided herein is for general informational and educational purposes only. It is not intended and should not be
construed to constitute legal advice. The information contai ned herein may not be applicable in all situations and may not, after the date of
its presentation, even reflect the most current authority. Noth ing contained herein should be relied or acted upon without the benefit of legal
advice based upon the particular facts and circumstances pres ented, and nothing herein should be construed otherwise.
Translations. Translations by ICNL of any materials into other languages are intended solely as a convenience. Translation accuracy is not
guaranteed nor implied. If any questions arise related to the accuracy of a translation, please refer to the original language official version of
the document. Any discrepancies or differences created in the tr anslation are not binding and have no legal effect for compliance or
enforcement purposes.
Warranty and Limitation of Liability. Although ICNL uses reasonable efforts to include ac curate and up-to-date information herein, ICNL
makes no warranties or representations of any kind as to its a ccuracy, currency or completeness. You agree that access to and u se of this
document and the content thereof is at your own risk. ICNL discl aims all warranties of any kind, express or implied. Neither ICNL nor any
party involved in creating, producing or delivering this document shall be liable for any damages whatsoever arising out of access to, use of
or inability to use this document, or any e rrors or omissions in the content thereof.

превземено од

w
w
w
w
w
w
.
.
p
p
r
r
a
a
v
v
o
o
.
.
o
o
r
r
g
g
.
.
m
m
k
k

1
ЗАКОН ЗА ВОЛОНТЕРСТВОТО
Сл.Весник на Р .Македонија бр .85 од 09.07.2007 година

I. Општи одредби

Член 1
Co овој закон се уредуваат волонтерството , условите и начинот на вршење
на волонтерството , правата и обврските на волонтерите и организаторот на
волонтерството , договорот за волонтерството и евиденцијата на
волонтерската работа .

Член 2
Волонтерството претставува активност од интерес за Република
Македонија која придонесува за подобрување на квалитетот на
животот со
активно вклучување на луѓето во општествениот живот , како и за развој на
хумано и рамноправно демократско општество .

Член 3
Под волонтерство се подразбира доброволно давање на лични услуги ,
знаења и вештини и / или вршење на други активности во корист на други
лица , органи , организации и други институции , без надоместок .
Co овој закон не се ограничува можноста да се даваат волонтерски услуги
кои се од непостојана или случајна природа на доброволна основа , без
надоместок .
Под волонтерство , според овој закон , не се подразбира вршење на
волонтерски стаж , согласно со Законот за работните односи .

Член 4
Волонтер е физичко лице кое дава услуги , вештини
и знаења во корист на
други лица , органи , организации и други институции , на доброволна
основа и без финасиска или друга лична добивка .

II. Услови и начин на вршење на волонтерството

Член 5
Волонтер може да биде домашно и странско физичко лице .
Волонтер може да биде и малолетно лице со писмена согласност
од
неговите родители или старатели .
Договор за волонтирање со малолетни лица може да се склучи само со
писмена согласност од неговите родители или старатели .
Одредбите од Законот за работните односи , кои се однесуваат на заштита
на лицата од 15 до 18 години , соодветно се применуваат на малолетните
лица кои волонтираат .

Член 6
Организатори
на волонтерска работа можат да бидат :
– здружение на граѓани и фондација ,

превземено од

w
w
w
w
w
w
.
.
p
p
r
r
a
a
v
v
o
o
.
.
o
o
r
r
g
g
.
.
m
m
k
k

2
– верска заедница и религиозна група ,
– јавна установа и
– орган на државна власт .
Организаторот на волонтерската работа од ставот 1 на овој член , ја
утврдува потребата од ангажирање на волонтери , видот на услугите и
начинот и постапката за обезбедување на истите , врз основа на програма
за волонтирање .

Член 7
Државјанин на Република
Македонија може да волонтира во други држави ,
согласно со прописите на државата во која волонтира и ратификуваните
меѓународни договори .

Член 8
Странско лице може да волонтира во Република Македонија врз основа на
претходно обезбедена согласност од Министерството за труд и социјална
политика и регулиран престој во Република Македонија .
Организаторот на волонтерската
работа е должен во рок од 60 дена од
денот на издавањето на согласноста од став oт 1 на овој член , да го
извести Министерството за труд и социјална политика за почетокот на
волонтирањето на странското лице .
Начинот , постапката и евиденцијата за издавање на согласноста од ставот
1 на овој член , ги пропишува
министерот за труд и социјална политика .

Член 9
Организаторот на волонтерската работа не смее волонтерот да го стави во
нееднаква положба поради расата , бојата на кожата , полот , возраста ,
здравствената состојба , односно инвалидност , религиозното , политичкото
или друго убедување , националното или социјалното потекло , статусот на
семејството , имотната состојба , половата насоченост или заради други

лични околности .

III. Права и обврски на волонтерот и организаторот на
волонтерството

Член 10
Волонтерот има право :
– во писмена форма да го добие описот на правата и обврските кои треба
да ги исполни и да биде запознаен со условите и опасностите поврзани за
време на волонтирањето , пред започнување на волонтирањето ,

да биде запознаен со општите акти на организаторот на услугите ,
односно на оние делови кои се однесуваат на волонтерските услуги , за кои
е ангажиран ,
– да користи средства за заштита при работа согласно со прописите за
заштита при работа ,
– на обука , доколку истата е потребна за обезбедување на услугата која е

предмет на договорот ,
– на отсуство за време на волонтирањето , ако за тоа постојат оправдани

превземено од

w
w
w
w
w
w
.
.
p
p
r
r
a
a
v
v
o
o
.
.
o
o
r
r
g
g
.
.
m
m
k
k

3
причини,
– на дневен одмор ,
– да биде консултиран и информиран при одлучување за начинот на
давање на услугите ,
– на надоместок на однапред договорените трошоци поврзани со
волонтерството (трошоци за храна , трошоци за превоз до и од местото на
волонтирањето , трошоци за службени патувања и трошоци за обука ) и
– на заштита
на приватноста и личните податоци .
Трошоците од ставот 1 алинеја 8 на овој член , кои волонтерот може да ги
има за време на траењето на волонтирањето , се исплатуваат во иста
висина како за вработените кај организаторот на волонтерската работа .
Волонтер – странско физичко лице , покрај правата од ставот 1 на овој
член , има право
и на трошоци за престој , здравствено осигурување и
повратни патни трошоци .

Член 11
Волонтерот е должен да :
– го извести организаторот на волонтерството за болеста или други
причини за неможноста за давање на услугите ,
– дава услуга согласно со закон , договорот за волонтерство и општите
акти на организаторот на волонтерството со кои
претходно е запознаен ,
– дава услуга лично и непосредно ,
– учествува во обука , со цел да се обезбеди квалитетот на давањето на
услугата ,
– ги чува доверливите податоци , односно класифицираните
информации на организаторот на волонтерската работа , со кои е
запознаен пред давањето на услугата и
– го извести организаторот на волонтерската работа за
штетни последици
за кои е запознаен кои можат да настанат за организаторот и за самиот
себе или за трети лица .
Доколку волонтерот претходно го известил организаторот за штетните
последици во врска со ставот 1 алинеја 6 на овој член , истиот нема
одговорност за направената штета .

Член 12
Волонтерот кој за време на давањето
на волонтерската услуга намерно или
од крајна небрежност ќе предизвика штета кај организаторот на
волонтерската работа , должен е да му ја надомести штетата на
организаторот на волонтерската работа , согласно со одредбите од Законот
за облигационите односи .
Организаторот на волонтерската работа е должен да му ја надомести
штетата на волонтерот предизвикана
за време или во врска со давање на
волонтерската услуга , согласно со одредбите од Законот за облигационите
односи .
Волонтерот кој за време или во врска со давањето на волонтерската услуга
ќе предизвика штета кај трети лица , должен е да ја надомести согласно со
одредбите од Законот за облигационите односи .

превземено од

w
w
w
w
w
w
.
.
p
p
r
r
a
a
v
v
o
o
.
.
o
o
r
r
g
g
.
.
m
m
k
k

4
Член 13
Организаторот на волонтерската работа е должен да :
– обезбеди услови за вршење на волонтерската работа согласно со
Законот и договорот за волонтерска работа ,
– му издаде на волонтерот волонтерска книшка за волонтерската работа и
во истата да ги наведе податоците пропишани со овој закон ,
– обезбеди материјали и средства за вршење
на волонтерската работа ,
– обезбеди навремена исплата на однапред договорените трошоци ,
– обезбеди тајност на податоците и заштита на приватноста ,
– обезбеди други услови пропишани со овој закон или за кои меѓусебно
тие се договориле и
– обезбеди осигурување од професионални болести и повреда на работа
за време на волонтирањето , согласно со прописите
за пензиското и
инвалидското осигурување и прописите за здравствено осигурување ,
доколку така е договорено .
По основа на трошоците поврзани со волонтерската работа утврдени во
договорот , не се плаќа персонален данок на доход согласно со одредбите
на Законот за персонален данок на доход .

IV. Договор за волонтерство

Член 14
Организаторот на волонтерската
работа е должен со волонтер – домашно
физичко лице да склучи договор за волонтерство во писмена форма ,
доколку волонтерската работа трае повеќе од 40 часа месечно .
Организаторот на волонтерската работа може да склучи договор за
волонтерство и со волонтер – домашно физичко лице за волонтерска
работа која трае помалку од 40 часа месечно .
Организаторот на
волонтерската работа е должен со волонтер – странско
физичко лице да склучи договор во писмена форма за волонтерство за
сите волонтерски услуги .
Договорот за волонтерство ги содржи следниве елементи :
1) договорни страни :
– организатор на волонтерска работа (назив и седиште ) и
– волонтер (име и презиме , адреса на живеалиште , односно на
престојувалиште );
2)
предмет на договорот ;
3) место на волонтирање и времетраење на волонтирањето , а доколку
не постои постојано место , тогаш се наведуваат само местата каде што се
даваат услугите ;
4) волонтерски активности или услуги кои се обезбедуваат ;
5) посебни права и обврски ;
6) – начин на осигурување за време на волонтирањето при доаѓање и
враќање од
местото на волонтирањето и другите активности предвидени за
време на волонтирањето ;
7) однапред договорени трошоци за волонтирањето и начин на надоместок
на истите ;
8) начин на престанок и раскинување на договорот за волонтирање и

превземено од

w
w
w
w
w
w
.
.
p
p
r
r
a
a
v
v
o
o
.
.
o
o
r
r
g
g
.
.
m
m
k
k

5
9) датум и место на склучување на договорот .

Член 15
За прашањата кои ќе произлезат од волонтерскиот однос , а кои не се
уредени со овој закон , се применуваат одредбите од Законот за
облигационите односи .

Член 16
Договорот за волонтерство престанува :
– со истекот на временскиот рок за кој е склучен договорот или се

исполнети условите за кои истиот е склучен ,
– со спогодбено раскинување ,
– кога организаторот на волонтерството престанува да работи без правен
наследник ;
– со денот на правосилна одлука за одземање на деловна способност на
волонтерот и
– со престанувањето на дозволата за престој во Република Македонија .
Волонтерот може да го раскине договорот
пред да истече времето за кое е
склучен , со
писмена изјава без обврска да ја наведе причината за раскинување на
договорот , освен во случај кога раскинувањето може да предизвика
штетни последици во работењето на организаторот на волонтерската
работа или на трети лица .
Организаторот на волонтерската работа , може да го раскине договорот
за
волонтерство :
– со престанување на потребата за волонтирање ,
– кога не е во можност да ги обезбеди условите за волонтирање ,
– кога ќе констатира дека волонтерот не ги исполнува договорените
обврски и
– во случај на кршење на етичките норми , донесени за одделни облици на
волонтирање . Договорната страна е должна писмената
изјава за
раскинување на договорот да ја достави до другата договорна страна во
рок од пет дена пред да го раскине договорот .

Член 17
Организаторот на волонтерската работа не смее да склучи договор за
волонтерство со цел да се избегне склучување на договор за вработување .

Член 18
Co склучување на договорот за
волонтерство , не се губат правата по основ
на невработеност согласно со прописите за вработување и осигурување во
случај на невработеност .

V. Евиденција на волонтерската работа и волонтерска книшка

Член 19
Организаторот на волонтерската работа е должен да води евиденција на
волонтерската работа за сите волонтери .

превземено од

w
w
w
w
w
w
.
.
p
p
r
r
a
a
v
v
o
o
.
.
o
o
r
r
g
g
.
.
m
m
k
k

6
Начинот на водење на евиденцијата од ставот 1 на овој член ја пропишува
министерот за труд и социјална политика .

Член 20
Волонтерската книшка е јавна исправа .
Волонтерската книшка содржи податоци за видот и времетраењето на
волонтерската работа и видот на обуката за која волонтерот се оспособил
за времетраењето на волонтирањето .
Формата и
содржината на волонтерската книшка , начинот на нејзиното
издавање и запишување на податоците , ќе ги пропише министерот за труд
и социјална политика .

VI. Надзор

Член 21
Надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон врши
Министерството за труд и социјална политика .
Инспекцискиот надзор го врши Државниот инспекторат за труд преку
инспекторите за
труд .

VII. Прекршочни одредби

Член 22
Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се
изрече за прекршок на одговорното лице кај организаторот на
волонтерската , работа , ако :
– не гo извести Министерството за труд и социј aлна политика за
почетокот на волонтирањето на странското лице (член 8 став 2),
– постапи спротивно на
членот 9 oд овој закон ,
– не ја надомести штетата на волонтерот (член 12 став 2),
– постапи спротивно на членот 13 од овој закон ,
– не склучи договор за волонтерство во писмена форма (член 14 ставови 1
и 3) и
– не води евиденција за волонтерската работа (член 19 став 1).

Член 23
Глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска
противвредност ќе се
изрече за прекршок на одговорното лице кај организаторот на
волонтерската работа , ако склучи договор со цел да избегне склучување
на договор за вработување (член 17).

Член 24
Глоба во износ од 50 до 200 евра во денарска противвредност ќе се изрече
за прекршок на волонтерот , ако :
– постапи спротивно на членот 11
став 1 на овој закон и
– не ја надомести штетата (член 12 ставови 1 и 3).

превземено од

w
w
w
w
w
w
.
.
p
p
r
r
a
a
v
v
o
o
.
.
o
o
r
r
g
g
.
.
m
m
k
k

7

VIII. Преодни и завршни одредби

Член 25
Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од
три месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон .

Член 26
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
” Службен весник на Република Македонија “.